Лион лесно излезе на крај со Амиен

Фудбалерите на Лион го совладаа Амиен со 3-0 и го држат курсот за пласман во Лигата на шампионите. Овој тим се наоѓа на третата позиција на табелата со 66 бода, а таа носи до квалификации за елитното европско клупско натпреварување.

Марсело Дијаз во првото полувреме донесе предност за Лион и така беше се до финишот. Депај во 83.минута и Траоре две минути подоцна исто така стрелаа во мрежата на Амиен, за убедлив триумф на Лион на овој дуел.

Се вчитува...