Лион подобар од Нант, го прескокна Монако во трката за ЛШ

Екипата на Лион, барем до вечерашниот негов натпревар против Амиен, го прескокна Монако на табелата во Лига 1, па сега е на второто место во Франција, позиција која води во групите од Лигата на шампионите следната сезона.

Лион славеше против Нант со 2-0 во 35. коло од Првата француска лига, благодарение на погодоците на Депај во 39. минута и Траоре во 68. минута од натпреварот.


Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...