Лион се протна во ЛШ, за чекор пред Марсеј

Лион е третиот патник во Лигата на шампионите од францускиот шампионат, откако вечерва со триумф над Ница (3-2) заврши за чекор пред Олимпик Марсеј во трката за третата позиција на табелата. Лион заврши со 78 бода, еден повеќе од Олимпик Марсеј, кој исто така славеше против Амиен со 2-1.

Монако се најде на второто место со 80 освоени бода, по победата (0-3) на гости против Троја. Шампионската титула му припадна на доминантниот Пари Сен Жермен кој го заврши шампионатот со освоени 93 бода. „Светците“ одиграа без голови на гости против Амиен.

Мемфис Депај постигна хет – трик и беше најзаслужен за триумфот на Лион над Ница. За гостите, Аласен Плеа ги постигна двата гола.

„Кнезовите“ ја совладаа Троја на гости со 0-3, со двата гола на Рони Лопес и погодокот на Мбула.

Се вчитува...