Лионел Меси во 2004 година преговарал со Жозе Мурињо за трансфер во Челси

Лионел Меси е еден од најдобрите фудбалери во последните петнаесет години. Аргентинецот во летниот трансфер рок беше пред заминување од Барселона поради несогласување со раководството на тимот. Изминатите години како прва ѕвезда на каталонскиот тим беше дел од историските натпревари кои овој клуб ги имаше против веројатно нивниот најголем ривал, португалскиот стратег Жозе Мурињо.

Како некогаш судбината и еден избор во животот доведува до сосема различен тек на иднината и тоа што те очекува во животот покажува податокот до кој стигнаа англиските медиуми во кој се вели дека Жозе Мурињо имал телефонски разговор во 2004 со Меси во кој му дал понуда на Аргентинецот да премине во редовите на Челси.

Меси ја одбил и останал верен на Барселона со која во иднина четири пати ја освојуваше Лигата на шампионите, а Жозе Мурињо од тој ден стана еден од најголемите ривали кои ги имаше Аргентинецот во последната декада.

Се вчитува...