Лионел Меси заврши со Барселона засекогаш!

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта откри зошто ќе биде исклучително тешко да се врати во клубот поранешниот напаѓач Лионел Меси.

Аргентинецот пред две лета замина од „Камп Ноу“ во ПСЖ, а иако се шпекулираше дека би можел да се врати во Каталонија или да замине во американската МЛС лига, моментално е најблиску до потпишување на нов договор со „светците“.

„Очигледно би сакал Меси да се врати еден ден. Би сакал, но не можеме да изградиме тим врз основа на очекувањата. Тој е играч на ПСЖ, има договор со нив. Само што го освои Светското првенство. Многу сме среќни поради него. Она што не сакам е да создавам очекувања кои се многу тешки. Зедовме позајмица за да го спасиме клубот бидејќи беше во многу тешка ситуација. Сега Ла Лига постави ограничувања за користење на заеми“, рече Лапорта. 

Се вчитува...