Липи за репрезентацијата на Италија: Штом не успеа да ја победи Македонија…

Поранешниот италијански селектор, кој во 2006 година со селекцијата на Италија го подигна трофејот светски шампион на Мундијалот во Германија, зборуваше за италијанскиот фудбал и за репрезентацијата.

За една од причините што италијанската репрезентација не обезбедува пласман на Мундијалите два пати по ред, ги обвинува клубовите дека форсираат многу странци, на сметка на италијанските играчи.

„Нема криза во италијанскиот фудбал. Тоа е период. Нивото на екипи во Лигата на шампионите е високо, но репрезентацијата е сосема друга приказна. Ако не може да ја победите Македонија, тогаш веројатно ситуацијата не е оптимистичка. Ние сме европски прваци и оваа група на играчи беше долго време непоразена. Мора да запомните дека во минатото, 65% и повеќе во клубовите играа италијански играчи. Сега само 30-35%. Нема повеќе играчи како Тоти, Дел Пјеро, Монтела…

Манчини, освен на натпреварот со Македонија, на другите мечеви беше перфектен. Одлично го познава италијанскиот фудбал, и мислам дека е правилно што остана и натаму да биде селектор. Мора да продолжиме понатаму и да бараме нова шанса“, рече Липи.

Се вчитува...