Екипата на Лирија е дисквалификувана од натамошен настап во втората кошаркарска лига откако службено го загуби и вториот натпревар оваа сезона во рамките од Втората лига – Исток. По големиот инцидент и тепачката на пресметката со Академија ФМП, меч што поради прекинот беше регистриран со служен триумф на гостите, тимот на Лирија не се појави на теренот на последниот дуел против ТФТ.
„Согласно член 35 од Правилникот за натпреварување натпреварот од 08 коло Втора лига мажи Исток КК ТФТ – КК Лирија 77 се регистрира со службен резултат 20-0 во корист на екипата на КК ТФТ ,а екипата на КК Лирија 77 не добива бод предвиден за пораз. 04. Екипата на КК Лирија 77 поради изгубени два натпревари со службен резултат, е исклучена од понатамошното натпреварување и ке биде префрлена во понизок степен на натпреварување. Член 30 од Правилникот за натпреварување“ – се вели во Билтенот објавен денеска од страна на Комесарот за натпреварување, Владо Цветковски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА