Листа на „кукавици“: Познати имињата на фудбалерите кои најавија веднаш бегство од Јувентус

Поради драматичната ситуација во Јувентус, неколку играчи веќе се подготвуваат за заминување од клубот. Други не планираат „бегство“, а меѓу оние кои се одлучни да останат без разлика на се е и тренерот Масимилијано Алегри.

Сојузниот апелациски суд, како што е познато, одлучи да го казни Јувентус со одземање на 15 бода во Серија А. Со оглед на се што се случува италијански „Либеро“ тврди дека група играчи се подготвени да го напуштат клубот, свесни дека не би играле европски натпреварувања ако останат.

Меѓу играчите кои „кукавички“ одлучиле да побегнат се голманот Војчех Шчесни, како и Вестон МекКини и Адријан Рабио. Најголем проблем е заминувањето на Полјакот, кој има 193 настапи за клубот а дури на 78 натпревари ја сочувал својата мрежа нечепната.

Уште неколку играчи размислуваат за заминување, но тренерот Алегри верува дека темелот на тимот ќе остане без разлика на се.

Јувентус ќе се жали на одлуката и ќе се обиде да ја намали оваа висока казна од 15 одземени бодови. Следното судење е закажано за март.

Се вчитува...