Американскиот сајт „Sportspro“ ја објави листата на највлијателни спортисти на социјалните медиуми. За рангирањето, биле користени социјалните мрежи – Фејсбук, Твитер, Инстаграм и Тикток. Од овие платформи бил следен вкупниот број на објави, вкупниот број следбеници и лајкови, процентот на следбеници од женски, како и процентот на следбеници со афинитет кон музика, игри, меѓународен бизнис или луксузни производи.
На подиумот се наоѓа американската атлетичарка Симон Бајлс, а следена е од тенисерката Наоми Осака и фудбалерката Ешлин Харис.
Меѓу највлијателните педесет спортски личности, присутни се 12 фудбалери: првиот е Пауло Дибала на петтото место, а потоа Роналдо на шестото место. Меси е дури дванаесетти, додека Пол Погба се наоѓа на четириесет и осмата позиција.
Она што е интересно е што грчкиот тенисер се наоѓа на осмата позиција и е за едно место подобро рангиран од апсолутниот шампион во „белиот спорт“, Србинот Новак Ѓоковиќ.
ТОП – 10 листа на највлијателни спортисти:
1. Симон Билс (уметничка гимнастика – САД)
2. Наоми Осака (тенис – Јапонија)
3. Ешлин Харис (фудбал – САД)
4. Канело Алварез (бокс – Мексико)
5. Пауло Дибала (фудбал – Аргентина)
6. Кристијано Роналдо (фудбал – Португалија)
7. Али Кригер (фудбал – САД)
8. Стефанос Циципас (тенис – Грција)
9. Новак Ѓоковиќ (тенис – Србија)
10. Алекс Морган (фудбал – САД)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА