Човекот кој повреди 134 лица кога со автомобил се удри во навивачите на Ливерпул кои ја славеа шампионската титула во Премиер лигата, денес беше осуден на 21 година и шест месеци затвор .
Инцидентот се случил попладнето на 26 мај во Ливерпул, на прославата по освојувањето на титулата, кога 54-годишниот Пол Дојл го забил својот автомобил во толпата. Тој бил запрен кога случаен минувач Ден Бар влегол во возилото и го принудил да паркира. И покрај ова, тој се обидел да продолжи, но автомобилот, под кој биле заробени луѓе, не можел да се движи понатаму.
„Видеото е навистина шокантно. Тешко е, ако не и невозможно, да се опишат разорните сцени што ги предизвикавте. Видеото го прикажува како намерно се удира во групи навивачи, одново и одново “, рече судијата Ендру Менари, објави Скај.
Дојл плачеше во судницата додека обвинителите детално го објаснуваа злосторството, користејќи видео снимки и читајќи емотивни изјави од десетици жртви, за време на дводневното рочиште за изрекување на пресудата.
„Речиси е невозможно да се разбере како некој нормален човек може да се однесува како вас. Да се вози во толпа пешаци со таква упорност и непочитување на човечкиот живот е спротивно на општото разбирање. Вашите постапки предизвикаа ужас и уништување во размер што овој суд никогаш порано не го видел “, рече судијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

