Литванија останува во игра, Летонија се збогуваше од ЕВРО 2022

Литванија стигна до голема победа над Чешка од 74-94 и ги задржа шансите на евробаскетот по катастрофално одиграниот прв дел од квалификациите. Литванците во вторник на гости ќе мора да ја добијат и Данска како би изблегнале голема „бламажа“ и не учество на ЕВРО 2022.

За разлика од Литванците кои останаа во игра балтичкиот сосед, Летонија по одличниот настап на минатиот шампионат овојпат нема да биде дел од најдобрите на стариот континент откако со поразот од Бугарија на домашен терен од 65-66 ги загуби шансите за пласман.

Кошаркарската репрезентација на Хрватска загуби на домашен терен од Холандија со 57-65 во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2022 година. Хрватите веќе обезбедија пласман меѓу 24 најдобри селекции на стариот па затоа овој пораз и немаше големо значење за нив.

Се вчитува...