Ливерпул брзо го заборави поразот од Сити: Триумф над Астон Вила (ВИДЕО)

Ливерпул го заборави убедливиот пораз од Манчестер сити и во 33. коло од Премиерлигата се врати на победите, триумфирајќи со 2-0 против Астон Вила.

Творци на победата на „црвените“ беа Садио Мане со погодокот во 71. минута, и Џонс со голот во 90. минута.


За Ливерпул, кој е нов англиски шампион, победата ништо не значеше, но за Астон Вила поразот дополнително ја отежнува битката за опстанок во лигата.

Се вчитува...