Ливерпул доби понуда што не се одбива за Шаќири

Ливерпул играше извонредно цела сезона, а еден од ретките кои имаа причина за незадоволство беше Џердан Шаќири. Швајцарецот одигра само 250 минути во Премиер-лигата, но „црвените“ одбија да го пуштат на позајмица иако имаше неколку понуди за такво нешто во јануарскиот преоден рок.

Шаќири добил ветување дека ќе може да си замине со перманентен трансфер во текот на летото, а Севилја планира да го искористи тоа и уште за време на оваа пауза да го осигура потписот на одличниот офанзивец. Понудата што шпанскиот клуб ја подготвил е со висина од 30 милиони евра, што е двојно повеќе од она што Ливерпул го плати за да го доведе Шаќири од Стоук. Со оглед на фактот дека на неговата позиција во меѓувреме беше доведен и Минамино, јасно е дека Швајцарецот летово ќе си замине од „Енфилд“, а понудата од Севилја е предобра за да биде одбиена.

Покрај него, Ливерпул летово сигурно ќе го напушти и Адам Лалана, кој ќе си замине без отштета бидејќи му истекува договорот, а во меѓувреме не беше пронајден заеднички јазик за продолжување на соработката.

Се вчитува...