Раководството на Ливерпул продолжува да има целосна доверба во менаџерот Арне Слот. Холанѓанецот го доживува својот прв момент на криза откако го наследи Јирген Клоп, откако шампионите забележаа четири последователни порази во Премиерлигата. Во последните денови имаше некои шпекулации дека иднината на Слот на „Енфилд“ повеќе не изгледа толку сигурна.
Меѓутоа најпознатиот инсајдер за трансфери Фабрицио Романо пишува дека Ливепрул е уверен дека Слот е вистинскиот избор, и неговата позиција не е загрозена во моментов.
Слот доживеа четири порази по ред во девет кола, исто толку колку што имаше во 38 минатата сезона кога ја освои титулата. Иако потроши големи пари за трансфери, во воведувањето на Исак, Вирц, Керкез…, сепак, тимот не игра како минатата сезона.
Во англиските медиуми дури се шпекулираше дека може Јирген Клоп да се врати на „Енфилд“, но се чини дека таа опција е целосно исклучена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

