Ливерпул газеше, “You’ll never walk alone“ во Велес ечеше (видео)

Ливерпул го растури Манчестер сити на „Енфилд роуд“, а жешка беше атмосферата и во Велес, каде македонските фанови на „црвените“ организирано го следеа натпреварот.

Еуфорично се славеа погодоците, во второто полувреме се трепереше за да се задржи водството, за на крај во Велес да ечи “You’ll never walk alone“, за одбележување на големата победа што широко ги отвора вратите кон полуфиналето од Лигата на шампионите.

Ако Ливерпул ги одбрани овие „плус три“ во Манчестер, тоа сигурно ќе биде добар повод за нова дружба на македонските фанови на англискиот гигант.

Се вчитува...