Ливерпул ги избра најубавите голови во историјата: Само еден може да биде број 1 (видео)

Ливерпул објави ранг-листа од најубавите голови во историјата на овој англиски фудбалски гигант. Вечерва на официјалниот јутјуб канал на Ливерпул беа објавени најдобрите 10 во овој избор, во кои се најдоа и ремек-дела на Далглиш, Раш, Кенеди…

Број 1 е Дивок Ориги и фантастичниот четврти гол за победата од 4-0 над Барселона, со кој беше направен неверојатниот пресврт и Ливерпул се пласираше во големото финале од Лигата на Шампионите.

Ориги освои повеќе гласови од Стивен Џерард и „проектилот“ на поранешниот капитен во последните секунди од финалето од ФА Купот против Вест Хем.

Погледнете ги најубавите десет погодоци во историјата на Ливерпул…

 

Се вчитува...