Ливерпул го договорил трансферот на Томас Лемар?

Англискиот премиерлигаш Ливерпул е блиску до реализација на голем трансфер во летниот преоден рок. Според францускиот магазин „Ле10 Спорт“, на „Енфилд роуд“ треба по завршувањето на оваа сезона да пристигне крилниот играч на Монако, Томас Лемар. Во принцип, двата клуба постигнале договор, а и фудбалерот изразил желба да се пресели во Премиер – лигата и да го носи дресот на Ливерпул.

Лемар беше желба на Арсенал изминатото лето, но трансферот не се реализира, а по заминувањето на Фелипе Кутињо, менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, во него гледа одлично засилување во маневарот, но и на крилните позиции. Според францускиот медиум, Томас Лемар за околу 75 милиони фунти би се преселил на „Енфилд роуд“.

Се вчитува...