Фудбалерот на Ливерпул, Фабио Карвалјо се сели во Лајпциг каде ќе мине на позајмица следната сезона. Младиот португалски играч од средниот ред дојде на „Енфилд“ минатата сезона од Фулам, откако постигна 10 гола во овој тим. Но, во дресот на „црвените“ играше 21 пат, главно како резерва, а во вториот дел од сезоната имаше далеку помала минутажа.
20-годишниот играч настапуваше за селекцијата на Англија до 18 години, а потоа одигра четири меча за младата селекција на Португалија.
Лајпциг минатата сезона ја заврши на третото место на табелата, со што обезбеди место во ЛШ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА