Додека се повеќе се пишува за иднината на Арне Слот во Ливерпул, „црвените“ го договрија првото засилување за следната сезона.
Станува збор за колумбискиот талент, Самуел Мартинез кој се наоѓа пред потпис со англискиот гигант. Тимот веќе постигна договор за потпис на овој 17-годишен фудбалер кој игра на позицијата офанзивен играч од средниот ред.
Во моментов настапува за Атлетико Национал, а брилијираше на последното првенство на Јужна Америка за репрезентации до 17 години.
Мартинез е еден од најперспективните млади играчи во Колумбија, а вниманието на европските гиганти го привлече со одличните партии во дресот на репрезентацијата на Колумбија, со која ја освои континенталната титула.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
