Ливерпул го понижи Наполи

Европскиот вицепрвак Ливерпул покажа дека ја достигнал посакуваната форма во пресрет на стартот од Премиер – лигата, откако во пријателски натпревар го совлада Наполи со убедливи 5-0. Тимот на Јирген Клоп беше надмоќен и лесно славеше против „наполитанците“. Сепак, не треба и да се заборави дека во моментов англиските тимови се многу подобро подготвени од италијанските поради тоа што Серија А ќе стартува дури за три седмици.

Милнер го отвори резултатот, Вајналдум зголеми на 2-0, а третиот гол беше дело на Салах. До крајот мрежата на Наполи ја тресеа и Стариџ и Морено.

Се вчитува...