Ливерпул објави дека од 1 јуни 2027 година ќе има нов главен спонзор во името на турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“. Од почетокот на сезоната 2027/28, логото на новиот спонзор ќе биде истакнато на дресовите на машкиот, женскиот и младинските тимови.
„Ова е почеток на ново поглавје во комерцијалната историја на клубот и прва промена на главниот партнер на клубот во последните 17 години“, се наведува во соопштението.
Главниот спонзор на Ливерпул, „Стандард Чартерд“, останува непроменет оваа сезона, а соработката што започна во 2010 година ќе заврши на крајот од сезоната. По завршувањето на најдолготрајното комерцијално партнерство во историјата, Ливерпул ќе започне соработка што во моментов е најпрофитабилна во Премиерлигата.
Договорот со „Туркиш ерлајнс“ ќе му носи на Ливерпул повеќе од 60 милиони фунти годишно, односно повеќе од 300 милиони фунти во текот на првите пет години, за колку што е договорена соработката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
