Ливерпул го искористи последниот ден од преодниот рок во Италија за да го продаде Рагнер Клаван во „Серија А“, па Естонецот во следната сезона ќе го носи дресот на Калјари. Клубот од Сардинија се согласи на перманентен трансфер во висина од 2,5 милиони евра, од кои 1,5 милион при самиот потпис, а останатите пари преку евентуални бонуси поврзани со бројот на настапи.
Клаван пристигна во Ливерпул од редовите на Аугсбург за сума од 4,8 милиони фунти, со што стана првиот Естонец што заиграл во Премиер-лигата.
Тој секогаш важеше за резервна варијанта на Јирген Клоп, но во ситуација кога договорот му истекуваше наредното лето „црвените“ решија да му дозволат да си замине.
Се очекува до крајот на преодниот рок во Европа англискиот клуб да ги продаде и Мињоле, Ориги и Марковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА