Ливерпул го стави Конате на трансфер-листа!

Мохамед Салах предизвика „земјотрес“ со изјавите против Арне Слот и Ливерпул, големи се шансите дека голгетерот во јануари ќе си замине од “Енфилд“, а по негови стапки би требало да тргне и Ибрахим Конате.

Францускиот репрезентативец игра катастрофална сезона, синоќа против Лидс со почетничка грешка и направен пенал oставајќи го својот тим без победата, со што повторно ги исфрустрира навивачите, но и челниците на клубот.

„Црвените“ долго време се обидуваа да го убедат Конате да потпише нов договор додека тој флертуваше со Реал Мадрид за трансфер како слободен играч следното лето. Сепак, „кралевите“ поради неговите слаби игри ги прекинаа преговорите, а истото ќе го стори и Ливерпул, ставајќи го Французинот на трансфер-листа за јануарскиот преоден рок.

Целта е јасна – да се заработи барем нешто на фудбалерот кој следното лето би можел да си замине без никаква отштета, па затоа и цената е скромна – 15 милиони фунти. Доколку успеат да го продадат Конате, „црвените“ овие пари веднаш ќе ги искористат за ангажман на Марк Гехи од Кристал Палас, чија цена не би требало да е повисока од 20 милиони фунти ако се знае дека исто така ќе има само уште шест месеци од активниот договор со лондонскиот клуб.

Се вчитува...