Ливерпул го вметна Киеза во списокот за ЛШ

Федерико Киеза се најде на списокот на фудбалери за настап во Лигата на шампионите за Ливерпул сезоната. Првично, Италијанецот не беше пријавен за настап во најелитното европско натпреварување. Меѓутоа англискиот првак го искористи новото правило на УЕФА.

Ако некој играч се повреди и паузира подолго време, тогаш тимот ќе може да пријави нов фудбалер на негово место.

Киеза влегува на местото на Џовани Леони, младиот дефанзивец кој ги скина лигаментите на своето деби за црвените, и ќе паузира речиси до крајот на сезоната.

Се вчитува...