Ливерпул го „врза“ и Џо Гомез

Ливерпул продолжува со нови договори да ги обврзува важните фудбалери во тимот на Јирген Клоп, откако на продолжување на верноста се обврза Џо Гомез.

Овој дефанзивец минатата сезона не беше стандарден кај Клоп, многумина очекуваа летово да ги промени клупските бои, но Гомез одби неколку премиерлигашки понуди за да потпише нов петгодишен договор со Ливерпул, клубот за кој има 142 настапи по трансферот од Чарлтон уште во 2015 година.

„Ова е специјален момент за мене и за моето семејство. Ливерпул е врвен клуб за кој сите сонуваат да бидат дел од него. Кога ми се укажа можност да останам, не размислував многу. Мислам дека поставивме цврсти темели, но и дека најдоброто од Ливерпул допрва следи“, изјави Гомез по потписот на новиот петгодишен договор со клубот.

Се вчитува...