Ливерпул и Баерн одиграа супер-меч за фудбалско уживање: Баварците со „бомба“ на Крециг во 91. минута до пресврт-победа (ВИДЕО)

Ливерпул и Баерн Минхен одиграа повеќе од интересен натпревар со многу динамика на тестот во Сингапур, на кој на крај со пресврт победи баварскиот тим со 3-4, и покрај тоа што Ливерпул имаше предност и од 2-0 и 3-2.

Тимот од „Енфилд“ одлично го почна мечот, па со головите на Гакпо во 2. минута и Ван Дијк во 28. минута поведе со 2-0. Сепак, Баерн Минхен успеа уште пред полувреме да дојде до израмнување, со головите на Гнабри во 33. минута и Сане во 42. минута.

Силната динамика на мечот продолжи и во вториот дел, и покрај бројните измени кои ги направија и двајцата тренери. Се издвои 17-годишниот Бен Доак кај Ливерпул, но и Франс Крециг кај Баерн Минхен кој во 92. минута со прекрасен погодок донесе победа од 3-4 за Баерн.

Претходно, во вториот дел, во 67. минута на асистенција на Салах, Луис Диаз погоди за водство од 3-2 на Ливерпул, но откако Клоп внесе бројни „голобради“ момчиња на терен, Баерн во 80.минута преку Станишиќ израмни на 3-3.

На крај пресуди 20-годишниот Крециг кај Баерн кој со „бомба“ од 20 метри донесе победа за својот тим од 3-4.

Се вчитува...