Ливерпул и Баерн во трка по врвниот дефанзивец

Дајот Упамекано и минатото лето беше поврзуван со трансфер во врвен клуб, но францускиот дефанзивец се премисли и реши да потпише нов договор со Лајпциг. За возврат, тој добил ветување дека во 2021 година ќе му биде дозволено да ги смени клупските бои, па сега Ливерпул и Баерн Минхен најавуваат офанзива за уште во јануари да ја добијат трката по овој одличен одбранбен фудбалер.

Клоп би сакал да го доведе Упамекано на „Енфилд“ уште во јануари, како решение за огромната криза во одбранбената линија по повредите на Ван Дајк и на Џо Гомез. Французинот е проценет на 60 милиони евра, сума што Ливерпул е подготвен да ја плати, но потешкиот дел од задачата ќе биде да се убеди Упамекано, кој и во јули беше блиску до Баерн.

Баварскиот гигант денеска објави дека не потпишува нов договор Боатенг, а се знае дека Баерн следното лето ќе издвои значителна сума за носење на нов врвен дефанзивец. На врвот на листата е токму Упамекано, со што баварскиот тим би ја продолжил клупската традиција да се засилува истовремено ослабувајќи ги директните ривали за висок пласман во Бундес-лигата.

Се вчитува...