Ливерпул го одигра и вториот нерешен натпревар во Премиерлигата сезонава. На дебито на Андони Ираола на „Енфилд“, црвените одиграа со Нотингем Форест 2-2.
Домашниот тим дури може да биде и задоволен со овој резултат, затоа што двапати губеше, а на крајот го избегна поразот.
Ндоје во 24. минута на додавање на Гибс Вајт го „матираше“ Алисон и го замолкна „Енфилд“. Вирц постигна гол, но му беше поништен.
Исак успеа во 60. минута да израмни по асистенција на Гапо. Нов шок за Ливерпул донесе Гибс-Вајт во 70. минута од белата точка.
Во 82. минута Муњоз со прекрасен го спаси Ливерпул од пораз. Претходно Ливерпул со истиот резултат одигра и против Њукасл во првото коло.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
