Ливерпул подготвува уште еден голем трансфер во самиот финиш на преодниот рок, а доколку се реализира, „црвените“ ќе направат уште еден сериозно пореметување на трансфер пазарот.
Според информациите, англискиот шампион е подготвен да плати огромна сума за својата трансфер-мета Бредли Баркола од ПСЖ, при што вкупната вредност на договорот би можела да достигне дури 140 милиони евра.
Ливерпул веќе инвестираше значителни средства во засилувањата минатото лето, а клубот продолжува да работи на дополнително зајакнување на составот и во ова. Според достапните информации, „црвените“ сакаат трансферот да го реализираат што е можно побрзо, бидејќи преодниот рок се ближи кон својот крај.
Останува да се види дали ќе биде постигнат конечен договор, но јасно е дека на „Енфилд“ подготвуваат уште еден спектакуларен потег.
Ливерпул со ваков трансфер би испратил силна порака до конкуренцијата во Премиерлигата и Европа, особено по амбициозното лето во кое клубот сериозно го засили тимот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
