Алисон Бекер ќе продолжи да ги брани боите на Ливерпул откако екс-шампионот на Англија реши да ја затвори вратата и да не дозволи трансфер на бразилскиот голман.
Јавна тајна беше дека Алисон преговара со Јувентус, а Ливерпул бараше 15 милиони евра за одличниот голман кој има уште една година од актуелниот договор. „Старата дама“ одби да плати, по што „црвените“ експресно ги завршија преговорите, со напомена дека истите нема да продолжат бидејќи Алисон дефинитивно ќе остане на „Енфилд“ и во наредната сезона.
Во јуни 2027 истекуваат договорите на Бекер и на капитенот Вирџил ван Дајк, па двете клупски легенди ќе добијат испраќање какво што заслужуваат, а во меѓувреме сезонава ќе бидат лидери на тимот предводен од Арне Сот.
Мамардашвили беше доведен како долготраен наследник на Алисон, но во Ливерпул воопшто не се импреионирани од настапите на Грузиецот сезонава. Токму затоа, Ливерпул реши да го задржи Бекер како прв голман, а за следното лето е најавено доаѓање на нов врвен чувар на мрежата кога Бразилецот како слободен играч ќе си замине од „Енфилд“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
