Екипата на Ливепрул денеска го официјализира потписот со 18-годишниот француски напаѓач Жулијан Н’Гесан иако преодниот рок во Англија заврши уште на први септември.
Англиските медиуми објавија дека Ливерпул за младиот напаѓач плати пет милиони евра, но Н’Гесан нема да има право за настап до крајот на годината бидејќи трансферот е направен по завршување на преодниот рок.
Н’Гесан доаѓа од Сент Етјен, но сезонава младиот напаѓач нема да одигра ниту една минута за Црвените, бидејќи е договорено до крајот на сезоната да ја помине на позајмица во Брест.
Младиот напаѓач за првиот тим на Сент Етјен дебитираше во јануари и на 13 натпревари постигна еден гол.
Фудбалерот беше дел од француската репрезентација на Светското првенство до 20 година и одигра седум меча за Триколорите кои на крајот завршија на четвртото место.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
