Ливерпул најмалку две седмици без Салах

Ливерпул ќе мора да се снаоѓа без помошта на Мохамед Салах во следните петнаесетина дена по повредата што најдобриот стрелец на „црвените“ ја заработи на дуелот со Лестер.

Тој постигна два погодоци за триумф на Ливерпул на таа средба, но потоа мораше да биде заменет, а лекарските прегледи покажаа дека станува збор за ситен проблем со коленото што сепак бара целосно мирување.

Ова значи дека Салах, кој сезонава постигна 17 гола за Ливерпул во Премиер-лигата, ќе го пропушти денешниот дуел со Барнли, претстојното градско дерби против Евертон во ФА Купот, а Јирген Клоп се надева дека ќе го има својот ас на располагање за големото дерби со Манчестер сити на „Енфилд“ на 14 јануари.

Се вчитува...