Екипата на Ливерпул игра неверојатно во Лигата на шампионите. Дојде до седмата победа во седмиот меч, и само чудо може да се случи за да не заврши на првата позиција на табелата во новиот формат во најелитното европско клупско натпреварување.
Вечерва на „Енфилд“ фудбалерите на Ливерпул го совладаа тимот на Лил. Англискиот тим поведе со голот на Салах во 34. минута по еден успешен противнапад. Кога Манди кај гостите доби црвен картон, се чинеше дека четата на Арне Слот ќе дојде до лесна победа. Но, само три минути подоцна и со 10 играчи, Дејвид успеа да израмни. Елиот во 67. минута го врати водството на Ливерпул откако топката се одби од еден од одбранбените играчи на гостите.
Барселона е единствената екипа која има шанси да го загрози Ливерпул на првото место, откако вечерва на наверојатен начин триумфираше на гостувањето кај Бенфика. Барса губеше со 3-1 и 4-2 и на крајот стигна до шестата победа во ЛШ. Павлидис рано го отвори резултатот, а израмни Левандовски од пенал. До крајот на полувремето огромни грешки на одбраната на Барса и неверојатни реакции за два гола на Павлидис и предност од 3-1. Барселона успеа да намали преку Рафиња во 64. минута, а Араухо со автогол за одново +2 на Бенфика. Левандовски повторно од пенал намали на 4-3, а Гарсија во 87. минута да израмни. Меѓутоа Барселона не се предаваше, па со голот на Рафиња во 96. минута успеа да стигне до неверојатен пресврт и до победа од 4-5.
Ако Црвена Звезда имаше некакви минимални шанси да се пласира во следната фаза во Лигата на шампионите, сега веќе тие не постојат, откако на домашен терен се поразени од ПСВ со 2-3. Холанѓаните дојдоа до триумфот во првиот дел, откако поведоа со 0-3. Лук де Јонг донесе предност во 17. минута, а седум минути подоцна истиот играч зголеми на 0-2. Фламинго во 43. минута донесе 0-3, а истиот фудбалер во 52. минута доби црвен картон. Тоа придонесе Црвена Звезда да дојде до намалување на водството преку Ндиаје во 71. минута, а во финишот Џига да донесе неизвеност и драма во финишот.
Уште едно разочарување за Борусија Дортмунд. На гостувањето кај Болоња, „милионерите“ го загубија натпреварот, и тоа благодарение на „блицкриг“ на домаќинот кој направи пресврт за една минута. Поведе Борусија преку Гираси од пенал во 15. минута. Далинга во 71. минута израмни, а само една минута подоцна Илинг Јуниор донесе пресврт. Болоња до крајот на мечот пропушти да дојде и до трет гол. После овој пораз веројатно ќе дојде и до тренерска смена.
Атлетико Мадрид со пресврт го совлада Баер Леверкузен со 2-1, во меч во кој и двата тима добија по еден црвен картон. Најпрво Атлетико остана без играч по исклучувањето на Бариос, а тоа го искористи Хинкапи. Алварез во 52. минута израмни, а во 76. минута Хинкапи беше исклучен, па силите на теренот беа израмнети. На крајот четата на Диего Симеоне стигна до триумф благодарение на вториот гол на Алварез.
Штутгарт дојде до победа во Братислава против Слован со 1-3. Два гола на Левелинг во првиот дел за 0-2 за гостите, а Метсоко намали во 85. минута. Конечниот триумф го обезбеди Ридер во 87. минута.
Бриж и Јувентус го одиграа единствениот меч без голови вечерва.
ЛШ, 7. КОЛО
Монако – Астон Вила 1-0
Аталанта – Штурм 5-0
Атлетико М. – Баер Л. 2-1
Бенфика – Барселона 4-5
Болоња – Борусија Д. 2-1
Бриж – Јувентус 0-0
Црвена Звезда – ПСВ 2-3
Ливерпул – Лил 2-1
Слован Братислава – Штутгарт 1-3
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА