Распродажба на „Енфилд“: Клоп не смета на уште шест фудбалери

Претстојат десет важни денови за летниот трансфер период на Ливерпул. Досега оваа екипа се засили само со Ибрахим Конате, за кого платија 35 милиони фунти на РБ Лајпциг. Сепа, сега се тврди дека Јирген Клоп сака да привлече уште најмалку двајца играчи, од кои едниот треба да го замени Жоржињо Вајналдум.

Меѓутоа, во исто време, клубот ќе се обиде да продаде околу шест играчи од сегашниот состав на Клоп. Ова може да обезбеди многу посериозен финансиски ресурс за дури и нови засилувања. Ливерпул веќе зеде 31 милион фунти од продажбата на Хари Вилсон, Марко Груиќ и Тајван Авeojne.

Дури шест други играчи се ставени на трансфер листа. Според „Мирор“, станува збор за Дивок Ориги, за кого Ливерпул бара 20 милиони, Џердан Шакири, Лорис Кариус, Натаниел Филипс, Бен Дејвис и Неко Вилијамс. Има речиси цел месец до крајот на летниот преоден рок, но според „Мирор“ ќе има најголеми активности во следните десет дена.

Се вчитува...