Ливерпул одлучи: Вирц е „недопирлив“

Флоријан Вирц дефинитивно ќе остане во Ливерпул и наредната сезона, како еден од главните играчи под водство на новиот тренер Ираола.

Чаби Алонсо дојде на клупата на Челси и шпанскиот стратег како главна желба за овој преоден рок го посочи токму својот миленик од времето минато во Баер Леверкузен. Челси беше подготвен да плати и над 100 милиони фунти, сумата што Ливерпул ја потроши за Вирц минатото лето, но од „Енфилд“ приситигна јасна порака – Вирц е „недопирлив“ во таборот на „црвените“.

На сите им е јасно дека од германскиот генијалец се очекуваше многу повеќе, но во таборот на Ливерпул владее оптимизам дека стилот на игра што го претпочита новиот тренер целосно му одговара на Вирц, кој под водство на Ираола ќе „експлодира“ во новата сезона во Премиер-лигата.

Се вчитува...