Ливерпул остана без капитенот до крајот на сезонава

Последните натпревари од оваа сезона во Премиер-лигата се само рутина за Ливерпул, титулата е веќе осигурана, но капитенот Џордан Хендерсон настрада на натпреварот против Брајтон и сега ќе мора да отсуствува на преостанатите четири средби.

Јирген Клоп на прес-конференцијата во пресрет на утрешниот дуел со Барнли потврди дека повредата на Хендерсон не е нималку наивна и дека капитенот на „црвените“ сигурно нема да може да настапи до крајот на сезонава.

„Тоа беше ужасен момент, кога Хендо остана да лежи на дуелот со Брајтон. Прегледите покажаа проблем со коленото. Тој дефинитивно нема да игра сезонава, но имавме среќа да не биде премногу сериозно, мислам дека ќе биде ОК за стартот на новата сезона. Хендерсон е нашиот лидер на теренот, заслужува да го крене пехарот и тој прв ќе го крене трофејот од Премиер-лигата“, истакна Клоп.

Се вчитува...