Ливерпул плаќа 35 милиони евра за голман со 15 меча во кариерата

Сите беа во очекување Ливерпул по комплетирањето на Бредли Баркола да доведе уште еден крилен офанзивец, но „црвените“ наместо тоа решија да ангажираат – нов голман. И тоа да платата 35 милиони евра за тинејџерот Лук Бругманс, белгиски чувар на мрежата кој ќе пристигне од редовите на Генк.

Нотингем Форест притиска за потписот на Мамардашвили, а во ситуација кога договорот на Алисон истекува следното лето на „црвените“ им стана јасно дека мора да тргнат во шопинг и за оваа позиција.

Бругманс важи за голем талент, интерес за неговите услуги покажа и Баерн, но сепак тинејџерот е и релативно недокажан ако се знае дека сениорското деби во Генк го имаше во април годинава. Тој има собрано вкупно 15 натпревари за оваа екипа, па јасно е зошто многумина се сомневаат дека Бругманс со вакво искуство ќе може да се снајде во Премиер-лигата.

Договорот со Генк е тој да остане во белгискиот клуб до јуни 2027, но тоа може да се промени, доколку Мамардашвили до крајот на преодниот рок се пресели во Нотингем, тогаш Ливерпул уште летово ќе го повлече белгискиот тинејџер на „Енфилд“.

Се вчитува...