Ливерпул планира ангажман на Лаутаро Мартинез!?

Англиските медиуми шокираат со објавата дека Ливерпул планира да го доведе Лаутаро Мартинез од Интер, во случај доколку Фирмино договори трансфер во Јувентус.

Ливерпул е подготвен да плати околу 80 милиони евра како би го довел одличниот аргентински напаѓач, во случаj Фирмино да замине.

Фирмино, наводно, е незадоволен од својот статус во клубот сметајќи дека ќе биде резервна варијанта по доведувањето на Нуњез. За Лаутаро, пак, ова лето има интерес од неколку европски клубови, но претходно ги одби Арсенал и Челси. Сепак, англиските медиуми, наведуваат дека тешко би го одбил Ливерпул.

И од Интер тешко дека би одбиле понуда од Ливерпул, посебно откако во клубот се врати Ромелу Лукаку, па Симоне Инзаги на располагање има голем број напаѓачи.

Се вчитува...