Ливерпул потврди: Слот веќе не е тренер на нашиот клуб!

Арне Слот повеќе не е менаџер на Ливерпул, потврди клубот од Енфилд.

47-годишниот Холанѓанец дојде на „Енфилд“ во 2024 година по одличен период во Феенорд, во првата сезона ја освои титулата во Премиер лигата, но во втората неговиот тим апсолутно потфрли.

„Ливерпул може да потврди дека Арне Слот ја напушта позицијата шеф на стручниот штаб, а процесот на назначување на неговиот наследник е веќе во тек. Тој го напушта клубот со титулата шампион на Премиерлигата и со наша најдлабока благодарност и почит за се што направи“, изјавија од „Енфилд“.

Тренерот на Борнмут, Андони Ираола, се споменува како прв фаворит за испразнетото место. Ливерпул ја заврши сезоната 2025-26 на петтото место со 25 бода помалку од шампионот Арсенал, а нивниот пласман во Лигата на шампионите беше потврден дури во последното коло, иако претходното лето инвестираа стотици милиони евра во ангажирање на звучни засилувања.

Се вчитува...