Ливерпул не преговара со Пари Сен Жермен само за евентуалниот трансфер на Бредли Баркола, туку сака да го доведе и младиот напаѓач Ибрахим Мбаје.
Осумнаесетгодишниот фудбалер е заинтересиран за преселба на „Енфилд“ и во моментов му дава предност на англискиот шампион, иако има понуди и од неколку германски клубови, меѓу кои и Баер Леверкузен.
Мбаје претходно беше блиску до трансфер во Лајпциг, каде требаше да биде замена за Јан Диоманде, но тој договор пропадна откако Диоманде се пресели во Реал Мадрид.
Според информациите, Ливерпул сè уште нема испратено официјална понуда, но се очекува тоа да се случи во наредните денови.
Доколку ПСЖ ги продаде и Мбаје и Баркола, францускиот шампион ова лето би инкасирал околу 300 милиони евра од продажба на играчи. Претходно клубот веќе заработи од трансферите на Канг-ин Ли, Гонзало Рамош и Рандал Коло Муани.
Минатата сезона Мбаје доби шанса во првиот тим на ПСЖ под водство на Луис Енрике, запишувајќи 24 настапи, три гола и две асистенции. Тој е производ на академијата на парижаните, настапуваше за сите младински селекции на Франција, а во 2025 година реши да го претставува Сенегал, за чија репрезентација веќе има 15 настапи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
