Ливерпул сакаше да го тужи „Најк“ за киксот со Кутињо, но смисли друг план

Раководството на Ливерпул имаше намера да го тужи познатиот спортски бренд „Најк“ за продажбата на дресови од Барселона со името на нивниот фудбалер Филипе Кутињо. Компанијата вчера направи огромна грешка откако на својата официјална веб – страница објави специјални дресови од каталонскиот гигант со името на бразилскиот фудбалер, најавувајќи го трансферот на ден пред почетокот на зимскиот трансфер период.

Челниците на Ливерпул беа подготвени да бараат правда за нарушување на репутацијата на клубот, но поради грешката на американскиот спортски бренд, но сега ќе бараат од Барселона да ја плати грешката, а условот е да исплатат астрономска понуда за услугите на Кутињо. Иако каталонскиот гигант нема никаква врска со гафот на „Најк“, „црвените“ ќе го казнуваат клубот за непрофесиналниот потег на нивниот долгогодишен спонзор.

Сега Барса ќе мора да ги исполни барањата на клубот од „Енфилд роуд“ за да го добие посакуваното засилување, а онаа „астрономска“ понуда мора да биде многу повисока од 115 милиони фунти, кои ги понудија во летниот преоден рок.

Се вчитува...