Ливерпул се налути од судиската неправда

Ливерпул останува на само еден бод заостанување зад Манчестер Сити во трката за титулата во Премиер-лигата откако „црвените“ попладнево рутински славеа над Барнли со 4-2.

Почетокот беше бурен, откако гостите поведоа со гол директно постигнат од корнер од Ешли Вествуд што судиите го признаа и покрај очигледниот прекршок врз голманот Алисон Бекер. Сепак, тоа само го налути тимот на Јирген Клоп, кој заигра уште подобро и веќе во првото полувреме направи целосен пресврт со головите на Фирмино и на Мане.

Домашниот тим беше во целосна контрола над играта и во второто полувреме, а на 3-1 со својот втор гол зголеми Фирмино, налетувајќи на одбиена топка по промашената шанса на Салах. Барнли во судиското продолжение успеа да постигне уште еден гол преку Гудмундсон, но тоа не беше и крај на возбудувањата бидејќи Садио Мане во 93. минута ја затресе мрежата на гостите за конечни 4-2.

Се вчитува...