Коди Гакпо нема да се пресели во Манчестер Сити летово откако Ливерпул во последен момент се премисли решавајќи да го задржи холандскиот фудбалер во своите редови.
Целиот трансфер на холандскиот голгетер во Сити беше договорен, но Ливерпул јасно стави до знаење дека ќе даде зелено светло само доколку успее да доведе адекватна замена. Тоа не се случи, понудите за Минтех од Брајтон и за Сар од Кристал Палас беа одбиени, а „набилданите“ цени на овие двајца фудбалери стигнаа до новото на понудата на Сити за Гакпо, по што „црвените“ одлучија да го задржат постоечкиот напаѓач.
Потписот на Бредли Баркола од ПСЖ ќе значи и последен трансфер на Ливерпул во овој преоден рок, а Гакпо ќе има тешка задача да се избори за првотимски статус ако се знае дека Ираола го планира Баркола како лево крило во тимот, позиција на која настапува холандскиот ас од своето доаѓање на „Енфилд“ од ПСВ Ајндховен.
Во целата ситуација извисува Манчестер Сити, па „граѓаните“ сега брзаат да доведат нов напаѓач до крајот на преодниот рок. Приоритет на „сините“ сега е Ндаје од Евертон, кој е блиску до преселба во Тотенхем, но челниците на Сити се оптимисти дека ќе успеат да го завршат овој трансфер за сума од над 60 милиони фунти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
