Ливерпул се провлече против Фулам, се врати на врвот во Премиер-лигата

Со голот од пенал на Џејмс Милнер, Ливерпул успеа да извлече победа над Фулам во дуелот од 31.коло во англиската фудбалска Премиер-лига. Претходно, Садио Мане донесе почетна предност за„црвените“ со погодокот во 26. минута од средбата.

Ливерпул имаше минимално водство и на паузата и се до 74. минута кога катастрофалната грешка на Ван Дајк во одбраната и подарокот што го доби, не пропушти да го искористи Рајан Бабел и постигна гол за израмнување на 1-1. Во финишот Ливерпул се провлече откако по фаулот над Мане, Милнер реализираше од белата точка.

Ливерпул им се враќа на победите, осови ри бода со кои повтоно е на врвот на табелата. Има 76 бода, два повеќе од Манчестер Сити кој пак има натпревар помалку, а овој викенд имаше дуел од ФА купот. Фулам не се помрднува од претпоследната позиција, има само 17 бода по 31 одигран натпревар.

 

Се вчитува...