Ливерпул се врати на победите: Повторно на врвот во Премиер-лигата… (ВИДЕО)

По двете претходни ремија, Ливерпул повторно се врати на победите во Премиерлигата славејќи во 26. коло убедливо со 3-0 против Бурнмаут. На тој начин „црвените“ се вратија повторно и на чело на табелата во англискиот шампионат.

Победата на Ливерпул ја најави Мане во 24. минута, а Вијналдум во 34. минута зголеми на 2-0.


Салах во 48. минута стрелаше за конечни 0-3…

Арсенал славеше со 1-2 на гостувањето против Хадерсфилд. Стрелци на головите за „топчиите“ беа Ивоби во 16. минута и Лаказет во 44. минута.


Во финишот Хадерсфилд само го ублажи поразот, за конечни 1-2.

РЕЗУЛТАТИ – 26. КОЛО

Фулам – Манчестер јунајтед 0-3

Кристал Палас – Вест Хем 1-1

Хадерсфилд – Арсенал 1-2

Ливерпул – Бурнмаут 3-0

Саутемптон – Кардиф 1-2

Ватфорд – Евертон 1-0

Брајтон – Барнли (18:30 ч.)

Се вчитува...