Мохамед Салах утре за последен пат ќе го облече дресот на Ливерпул, во обид да ги предводи „црвените“ до триумф над Брентфорд за печат на билетот за ЛШ следната сезона.
„Фараонот“ пристигна од Рома во 2017 година и во овие девет сезони освои се што можеше да се освои со гигантот од „Енфилд“, освојувајќи ги срцата на симпатизерите.
Навивачите заедно со управата подготвуваат специјално испраќање на легендата, а Ливерпул на официјалните профили на социјалните мрежи објави фантастично видео од Салах со семејството како се потсетува на дел од легендарните погодоци.
Погледнете во видеото со наслов: Засекогаш наш египетски крал… Ти благодариме за се, Мо…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
