Шпанскиот репрезентативец Виктор Муњоз ќе биде првото засилување на Ливерпул во ерата на Андони Ираола, откако „црвените“ ги договорија сите услови и ја активираа клаузулата за да го откупат договорот што овој фудбалер го има со Осасуна.
Клаузулата изнесува 40 милиони евра, од кои половина пари одат на сметката на Реал Мадрид (50% од следниот трансфер што беа договорени при доаѓањето на Муњоз во Осасуна). Истата сума беше подготвенн да ја плати и Њукасл, „црно-белите“ беа убедени дека го имаат договорено овој трансфер и дека Муњоз ќе го замени Ентони Гордон по неговиот трансфер во Барселона. Сепак, како што тоа лани се случи со трансферот на Екитике, Ливерпул повторно „украде“ засилување пред носот на Њукасл, Нуњоз ги договори личните услови, па дури и ги мина лекарските прегледи во САД, по што веќе нема никаква пречка да потпише договор ос Ливерпул, со важност до 2032 година.
Шпанецот ќе биде прво засилување на Ираола, од јануари веќе е договорено и пристигнувањето на Жаке од Рен како засилување за одбраната, а „црвените“ работат и на доведување на уште неколку нови имиња на „Енфилд“. Акцент во моментов е ставен на Диоманде од Лајпциг, за чии услуги Ливерпул е подготвен да плати 100 милиони фунти за да го доведе репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска како наследник на Мохамед Салах.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
