Ливерпул стравува: Клоп одбива нов договор

Јирген Клоп се покажа како идеално решение за менаџер на Ливерпул, но челниците на клубот се загрижени дека Германецот би можел за една до две години да си замине од „Енфилд роуд“. Причина за вакви сомнежи им дава и одолговлекувањето на Клоп во преговорите за нов договор, откако Германецот ја одбил богатата понуда за нова шестгодишна соработка со „црвените“.

Клоп моментно заработува седум милиони фунти по сезона, а со новиот договор би имал загарантирани 10 милиони фунти, плус богати бонуси, до 2025 година. Сепак, Германецот одбил да разговара на оваа тема барајќи време за да размисли дали својата долгорочна иднина ја гледа на „Енфилд“. Неофицијално, тој стравува дека може да дојде до „презаситеност“ и кај него и кај клубот, бидејќи по истекот на актуелниот договор во 2022 тој би имал минато седум сезони на чело на „црвените“, па свесен е дека може да дојде до желба за нов предизвик.

Клоп летово ги отфрли понудите и на Баерн Минхен и на Јувентус, но „црвените“ стравуваат дека следното лето или најдоцна до 2021 неговиот став би можел да се промени, па самиот би побарал заминување пред истекот на договорот.

Се вчитува...