Ливерпул тешко ќе ја одбие понудата на Реал за Садио Мане

Реал Мадрид подготвува понуда која сосема извесно ќе го натера Ливерпул да го продаде Садио Мане. Сенегалската ѕвезда веќе подолго време се поврзува со Реал, а сега кралскиот тим подготви понуда која „тешко се одбива“.

Се работи за сума од 155 милиони евра, понуда која наводно Ливерпул веројатно ќе ја прифати.

Мане е значајна алка во тимот на Јирген Клоп, сезонава одигрувајќи 38 меча со 18 постигнати гола и 12 асистенции.

Во Реал Мадрид не се задоволни од актуелниот играчки кадар и игрите сезонава, а доаѓањето на Еден Азар од Челси не успеа да го надополни недостатокот на Кристијано Роналдо.

Се вчитува...