Ливерпул успеа да го ангажира Баркола од ПСЖ, но англискиот гигант не го комплетираше и вториот посакуван трансфер на крилен офанзивец пред крајот на преодниот рок откако пропаднаа обидите за потпис на Минтех од Брајтон и на Сар од Кристал Палас.
Ираола нагласува дека е задоволен од тимот што го има на располагање, но управата веќе планира повторно да се активира на пазарот за почетокот на 2027 година, и то со засилување од Реал Мадрид.
Бразилецот Родриго е голема желба на „црвените“, но фактот дека тој е повреден и ќе паузира најмалку до ноември беше причина таа опција да не се разгледува летово. Сега кога е јасно дека Ливерпул ќе бара ново крило, овој врвен фудбалер повторно е актуелна тема на „Енфилд роуд“.
Во Ливерпул се убедени дека со понуда од 80 милиони евра можат да го осигураат потписот, особено ако се знае дека по потписот на Диоманде овој фудбалер дефинитивно не е во игра за првотимски статус кај Жозе Мурињо. Фактот дека Брајтон и Палас одбија слични суми летово за Минтех и Сар, кои квалитативно се далеку зад Родриго е само причина плус Ливерпул да тргне во шопинг во Шпанија, по лудилото на англискиот фудбалски пазар.
Клучно сепак ќе биде Родриго до декември да го видиме назад на терените по тешката повреда на коленото, со што би покажал дека е здрав и максимално подготвен за стартот на наредната календарска година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
